Славчо Шулески ново засилување за ГРК Тиквеш

Ракометниот суперлигаш на Македонија, ГРК Тиквеш го официјализираше четвртото засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за стружанецот Славчо Шулески кој беше дел од кадетската и јуниорска репрезентација на Македонија.

Тој доаѓа од редовите на Охрид, а во кариерата настапуваше и за Струга.

„Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, кој на последните две првенства беше прогласуван за МВП. Средниот бек Славчо Шулески е најновото засилување на ГРК ТИКВЕШ 2014 и веќе денес ќе го има својот прв дебитантски настап за екипата. Со ова најново засилување ГРК ТИКВЕШ 2014 создава и младинска екипа која ќе има значајна улога во младинското првенството“, стои во соопштението на ГРК Тиквеш. 

Се вчитува...