Македонскиот фудбалски стручњак Славчо Војнески ја прекина соработката со Газиантеп, напуштајќи го стручниот штаб на овој турски прволигаш.
Војнески дојде во Газиантеп како дел од стручниот штаб на новиот тренер Ибрахим Узулмез, но нивниот престој во овој клуб траеше премногу кратко, само шест натпревари. Имено, Газиантеп во трите натпревари во домашното првенство претрпе порази, на трите средби во Купот на Турција забележа победи, но на денешниот состанок со раководството на клубот била донесена одлука за прекин на соработката.
Претходно, Војнески работеше како дел од стручниот штаб на турскиот прволигаш Генчлербирлиги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА