Поранешниот селектор на Хрватска со големо искуство и во Премиерлигата, Славен Билиќ е еден од кандидатите за селекторската позиција во украинската репрезентација, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.
Доколку Хрватот ја првземе одговорноста неговото деби се очекува на натпреварот против Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024 кој ќе се одигра на 16. јуни на националната арена „Тодор Проески“.
Како потсетување, Украинците квалификациите за престојниот континентален собир ги започнаа со пораз од Англија на гостински терен, додека избраниците на Благоја Милевски славеа во Скопје против Малта.
За Билиќ тоа би било второ селекторско искуство по Хрватска која ја предводеше од 2006 до 2012 година, додека неговата богата клупска тренерска кариера започна во Хајдук Сплит, а беше дел и од Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Ал-Итихад, Вест Бром, Пекинг Гуан и Вотфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

