Славен Билиќ на клупата на Бешикташ?

Жозе Мурињо договори двегодишна соработка со Фенербахче, а оваа вест ги налути навивачите на Бешикташ бидејќи пишуваше дека легендарниот португалски тренер веќе договорил се со тој клуб, за да биде ’киднапиран’ од ривалот Фенербахче една недела подоцна.

Раководството на клубот кој сезоната ја заврши на третото место мора да најде адекватна замена, а турските медиуми пишуваат дека се преговара со Разван Луческу, Нури Шахин и Серген Јалчин, но дека прв фаворит е Славен Билиќ.

„Тој лично му се јави на Славен Билиќ и го покани во Бешикташ. Билиќ, кој го води Ал Фатех во Саудиска Арабија, одговори дека радо ќе се врати. Бешикташ ќе одлучи кој ќе му биде нов тренер по состанокот на Управниот одбор следната недела“, пишуваат турските медиуми. 

Хрватот го водеше Бешикташ од 2013 до 2015 година и во тие две сезони не успеа да постигне повисок резултат од третото место во шампионатот. Тој исто така беше исфрлен во раната фаза од купот, а неговиот петгодишен договор беше раскинат по две години.

Билиќ од минатото лето е на клупата на Саудиска Ал Фатех со која првенството го заврши на 7. место.

Се вчитува...