Најдолговечниот менаџер во Премиер лигата, зад Арсен Венгер, синоќа доби отказ по бламажата против четвртолигашот Ковентри во ФА Купот. Марк Хјуз веднаш доби отказ од клупата на Стоук, а англиските медиуми пренесуваат дека речиси сигурно него ќе го наследи хрватскиот стратег Славен Билиќ.
Билиќ пред крајот на минатата година доби отказ во Вест Хем, па сега е главен кандидат за преземање на клупата на Стоук кој, и покрај одличниот играчки кадар, е на очајното 18. место во Премиер лигата.
Покрај Билиќ, кандидат за нов менаџер на Стоук е и легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА