Златко Далиќ сè уште не одлучил дали ќе ја води Хрватска по Светското првенство следната година. Далиќ, според информациите од хрватските медиуми, добил понуда од Хрватскиот сојуз за нов договор, но сè уште не ја прифатил.
Како што пренесува „Спортске новости“, ХНС има фаворит доколку Далиќ одлучи да не остане на чело на националниот тим. Според нивните информации, Славен Билиќ е прв фаворит за таа позиција.
Билиќ неодамна ја одби чешката репрезентација. Ја водеше Хрватска од 2006 до 2012 година. Одигра 65 натпревари на клупата на националниот тим и забележа 42 победи со девет нерешени резултати. Други опции за Хрватска се Ивица Олиќ, сегашниот селектор на младата репрезентација, или Ведран Чорлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

