Хрватскиот стртег Славен Билиќ одново би можел да се врати во турското првенство и тоа во неговиот поранешен клуб Бешикташ кој го предводеше од 2013 до 2015 година, пренесуваат турските медиуми.
Славниот турски клуб има сезона далеку под очекувањата со 20 бодови заостанување зад лидот Галатасарај и 12 бодови помалку од второпласираниот Фенербахче па прв на удар и тоа уште овој месец ќе биде тренерот Сердар Топрактере.
Покрај Билиќ, новото раководство на Бешикташ на чело со Серал Адали е заинтересирано и за Нико Ковач, поранешниот тренер на Баерн Минхен, како и за „домашните“ стратези Ибрахим Узулмеш и Ертуграл Саглам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА