Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ ќе ја продолжи тренерската кариера во Саудиска Арабија, откако ја прифати понудата да седне на клупата на Ал Фатех.
Билиќ последниот тренерски ангажман го имаше во Ватфорд, но откако доби отказ во овој клуб беше во потрага по нов ангажман. На крајот, Хрватот се реши да се врати назад во Саудиска Арабија, каде претходно работеше во Ал Итихад, прифаќајќи ја понудата на Ал Фатех.
Станува збор за клуб кој го освои шестото место ланската сезона, а летово не донесе посериозна фудбалска ѕвезда на играчки план.
„Добредојде во оазата на палмите, одиме заедно да испишеме историја“, стоеше во пораката на клупската веб-страница со која Билиќ беше презентиран како тренер на тимот за наредната сезона.
Embrace the splendor of Palm Oasis 🌴
Together, let us forge a legacy of greatness 🤩 pic.twitter.com/vNggzMRdT2— AlFateh Saudi club (@EnFatehclub) July 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА