Славен Билиќ би можел да стане нов тренер на Кардиф Сити, пренесуваат британските медиуми. Поранешниот селектор на хрватската репрезентација е еден од главните фаворити за преземање на клупата по оставката на Ерол Булут.
„Во моментов ми се допаѓа да сум дома, но подготвен сум. Веќе сум стар, но чекам добра прилика, а во меѓувреме уживам во слободното време. Сè уште работам со Данило Буторовиќ и Дин Рачуница, имам добри луѓе околу мене“, изјави Билиќ.
Билиќ е слободен од средината на август, кога го напушти Ал-Фатех, а последен ангажман во Англија му беше во Вотфорд во сезоната 2022/2023.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА