Славен Бразилец жртва на филмски грабеж: Му впериле пиштол во главата, зеле се, па исчезнале за 60 секунди (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски репрезентативец Фред  бил ограбен на сред улица во Рио де Жанеиро. Разбојниците му впериле пиштол во главата и му го украле автомобилот и скапиот часовник, а грабежот бил снимен на камера. Грабежот се случил ноќта меѓу четвртокот и петокот, непосредно по натпреварот помеѓу Флуминенсе, чиј спортски директор е Фред, и Сао Паоло.

Разбојниците очигледно го следеле Фред, кој  под закана го запрел својот автомобил во областа Ипанема. Од возилото во кое биле напаѓачите излегле тројца мажи вооружени со пиштоли, а поранешниот фудбалер не пружил никаков отпор. Снимката од камерата од семејната куќа пред која се случило злосторството трае само една минута, што било доволно разбојниците да го запрат Фред, да го извлечат од автомобилот и да побегнат со вредниот плен во непознат правец. Полицијата засега не им влегла во трага на разбојниците.

Инаку, Фред е вториот најдобар стрелец во историјата на Флуминенсе со 199 гола во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Бразил одигра 39 натпревари и постигна 18 гола. Тој летово се прости од фудбалот и ја презеде функцијата спортски директор на Флуминенсе.

Се вчитува...