Славески со прв пораз, не успеа да стигне до титулата во велтер-категорија

Македонецот Горјан Гого Славески не успеа да се закити со титулата во велтер-категорија во боксот со голи раце (BKFC) откако нашиот боксер по голема борба загуби од Американецот Џулијан Лејн.

Станува збор за борба што беше дел од BKFC 79 што се одржуваше во Јужна Дакота, САД, каде Славески налета на силен ривал и за жал во најважната битка го претрпе првиот пораз во кариерата.

Македонецот издржа пет интензивни рунди против искусниот Американец, но падна во нокдаун во третата и петтата рунда, што имаше клучно влијание врз конечната судиска одлука. Победата му припадна на Лејн со едногласна одлука – судиските резултати беа 49-44, 49-44 и 48-45 во корист на американскиот боксер.

Се вчитува...