Славица Наков – МВП на македонската женска кошарка

Две години по ред финалните пресметки во женскиот кошаркарски куп на Македонија минуваат под знакот на Славица Наков. Таа го предводи тимот на Вардар кој го одбрани трофејот во идентично финале како и лани, против Бадел.

Наков е највозрасна на теренот, со многу повеќе години од младите кошаркарки на нашите домашни екипи. По финалето од Купот во кое повотрно го понесе признанието МВП, вели се надевам дека конечно ќе дојде денот кога ќе бидам надиграна.

„Сонувам за денот кога ќе се појави девојка која ќе рече „е нема да ја пуштам да ме помине“. Тажно што јас со 33 години и две деца, многу малку тренинзи, успевам да одиграм на ова ниво. Се надевам дека моето присуство на теренот ќе влијае на помладите, да се мотивираат. Жално е за кошаркаата во Македонија. Се радувам сепак дека придонесувами и на некој начин влијам на подобрување на раобтите“ – вели Наков

Желба и е кариерата да ја заврши со титула со Вардар.

„Не сум донела одлука за повлекување, но телото си го кажува своето. Мотивот ми е титула со Вардар, затоа уште играм.“

За неа најпоразително е што женската кошарка кај нас е на исклучително ниско ниво.

„И покрај трудот на дел од клубовите и на дел од Федерацијата сепак нивото ни е жално ниско. Никогаш и не сме биле нешто особено, на да можеме да се вратиме барем на нивото од пред десетина години би било значително подобро“  – смета ветеранката на македонската женска кошарка.

 

Се вчитува...