Црвена звезда успеа да тргне по стапките на Динамо Загреб и да е вториот тим од регионот кој избори пласман во Лигата на шампионите. Црвено-белите од Белград вечерва на домашен терен славеа против норвешкиот шампион БОДО Глимт со 2-0 и со тоа ја анулираа негативата од 1-2 од првиот меч одигран пред седум дена.
Водство за српскиот шампион од 1-0 донесе Бруно Дуарте од пенал во 26. минута, а голот вреден групна фаза во елитното натпреварување го постигна Спајиќ во 59. минута по одличниот центаршут на Елшник.
Последните две места во Лигата на шампионите ги пополнија Лил кој и покрај поразот од Славија Прага од 2-1 успеа да ја задржи предноста од 2-0 од првиот меч во Франција, како и Слован Братислава која по ремито 1-1, вечерва со 3-2 беше подобра од дански Митјиланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА