Тандемот Марте Олсбу Јорсланд – Јоханес Тингес Бо се победници на спринт-мешовитата штафета на Светското првенство во бијатлон кое се одржува во Остерсунд, Шведска.
Делницата од шест километри кај дамите и седум километри кај мажите, Норвежаните ја поминаа со вкупно време од 35:43.2 минути. Среброто им припадна на Италијанците Доротеа Вирер и Лукас Хофер, а со бронза се закитија домашните бијатлонци Хана Оберг и Себастијан Самуелсон.
За најдобриот бијатлонец во светот, Јоханес Тингес Бо ова е трето злато на шампионатот, а има и една бронза од 15-километарската потера.
Утре е слободен ден на првенството, кое својата завршница ќе ја има викендов со штафетните трки и трките во масовен старт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА