Главниот тренер наБока Јуниорс Диего Мартинез поднесе оставка откако тимот загуби со 2-0 од Белграно во саботата . Ова беше трет пораз во низа за овој тим, кои го заземаат само 12. место во поредокот со само пет успеси во првите 16 кола.
Дополнително, Бока беше елиминирана и од турнирот во Лига купот, како и од Копа Судамерикана , а на тимот му претстои тешка сезона. Мартинез за медиумите изјави дека го информирал претседателот на клубот Хуан Роман Рикелме за неговата одлука да си замине.
Тренерската функција ја извршуваше од јануари годинава. Следниот натпревар на „снежно-жолтите“ од Буенос Аирес е за една недела против Аргентинос Јуниорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА