Фудбалскиот клуб Севилја во иднина ќе бара нови играчи со помош на вештачка интелигенција. Славниот шпански клуб кој е рекордер по бројот на трофеи во Лигата на Европа, во иднина ќе ја користи платформата Скаут Адвајзер на компанијата Ај-Би-Ем. Ова го објави компанијата Ај-Би-Ем на својата официјална страница.
Вештачката интелигенција ќе состави листа на фудбалери кои би биле идеално засилување за клубот на основ на вистина, тежина, брзина, бројот на голови и одиграни минути, и ќе испрати извештај до скаутите на овој клуб.
„Возбудени сме поради соработката со компанијата Ај-Би-Ем, и овој проект може да биде пресврт за нашиот клуб како и за целиот спорт“, вели претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

