Пред пет години скијачкиот свет остана во шок по веста за пензионирање на Марсел Хиршер. Славниот скијач и за многумина најдобар на сите времиња се пензионираше на 30 годиини, но сега после пет години се враќа на скијањето.
Но, Хиршер повеќе нема да настапува за Австрија, но го промени спортското државјанство и сега ќе скија под знамето на Холандија, од каде е неговата мајка. Со тоа Холандија добива големо име во светското скијање.
Хиршер во текот на кариерата оствари 67 побеи во Светскиот куп: 32 во слалом, 31 во велеслалом, три во паралелен слалом, и една во супервелеслалом. Има и две олимписки злата и едно сребро.
Заедно со осум Кристални глобуси, има и шест мали Глобуси во слалом и велеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА