Американскиот тенисер Тејлор Фриц го елиминираше Гркот Стефанос Циципас за место во четвртфиналето на Австралија Опен каде пак силите ќе си ги одмери со светскиот рекет број еден, Новак Ѓокоиќ.
По дуелот против Циципас, Американецот не го криеше задоволството од победата, а се осврна и кон предизвикот против Србинот.
„Среќен сум, играв добро од почетокот до крајот. Задоволен сум од тоа како одиграв, поготово во последните три гема. „Се запалив“, како да играв во транс и се изгледаше како што треба. Имав чувство дека во секој момент носам правилна одлука. Оддамна не сум имал такво чувство“, изјави Фриц кој потоа се осврна и кон изјавата на Ѓоковиќ дека доколку игра на своето ниво може до место во полуфиналето.
„И јас да победев осум пати во низа и јас ќе пукав од самодоверба. Не можам да го обвинувам за тоа. Сигурно дека условите тука се подобри за мене отколку на УС Опен или Синсинати, но да бидам искрен, единствениот пристоен меч кој го играв против него беше во Торино на крајот на 2022 година. Тогаш сервирав за освојување на вториот сет и бев блиску до тоа. После тоа играв многу лошо и морам да бидам на далеку подобро ниво против него отколку што бев до сега. Се надевам дека може да одиграм уште еден меч како денешниот против Циципас“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

