Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата и одново беше на чекор до трипл-дабл учинок, но неговите 20 поени, 14 скокови и девет асистенции овој пат не беа доволни за триумф над актуелниот шампион Бостон.
За доминантниот Србин ретко кој има решение во рекетот, а тоа го докажува и последната слика која стана вирална на социјалните мрежи. Имено, на левата раката на Јокиќ се појави голема крвава рана, само последна од многуте тешки битки кои ги води кошаркарот кој и оваа година конкурира за МВП признание.
Nikola Jokić’s arm was bleeding after a nasty scratch. 👀 pic.twitter.com/ElgksT20ce
— Digits Sports App (@Digits3App) March 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

