Сликичка на „Панини“ од Диего Марадона продадена за 500.000 долари! (ФОТО)

Само што почна „Панини-лудилото“ во Македонија, откако излезе албумот за Европското првенство летово, на кое ќе дебитира нашата репрезентација, една сликичка од минатото, и тоа од аргентинската легенда Диего Армандо Марадона кој во ноември лани почина од срцев удар, е продадена за рекордна сума од половина милион долари.

Станува збор за сликичка од 1979 година во албумот на Панини за Калчо-лигата, Калчатори. Интересно, Марадона тогаш не ни играше во Италија, дојде подоцна во Наполи од Барселона, но во тој албум, од Панини ставиле 11 фудбалски ѕвезди кои играле надвор од Апенините во посебен дел, „МондоКалчо“ (светски фудбал).

Досега не е забележано една сликичка да биде продадена за толку големи пари, како што е случајов со оваа на Панини од Марадона, која достигна вртоглави 555.000 долари. Ниту една сликичка за некој фудбалер досега не била продадена за ваква сума на пари. И токму таа сликична, која била раритет, сега се продаде за сума од која боли глава.

 

Се вчитува...