Слободен влез на дуелот Струга ТЛ – Гостивар

Раководството на Струга ТЛ се одлучи влезот за натпреварот со Гостивар во 1. коло од новата сезона во ПМФЛ да биде слободен. После овој натпревар, стружани ги очекува дуел против Есперанж од Луксембург во рамките од првиот меч во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции.

„Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Гостивар ќе се одигра на стадионот во Струга во 17 часот. Со оглед дека ова е прв натпревар во нвоата сезона, челниците одлучија да ги почестат сите стружани но и граѓаните од другите градови со слободен влез на стадионот“, стои во соопштението на Струга ТЛ.

Струга ТЛ ќе го брани шампионскиот трофеј освоен минатата сезона, кога можеби помалку изненадувачки најмладиот тим успеа да се закити со титулата, што беше нивна прва историска од постоењето на клубот. Исто така екипата играше и финале во Купот, кое го загуби по пеналите од Македонија ЃП.

Се вчитува...