Ракометната Федерација на Македонија одлучи влезот за претстојниот бараж меч на женските репрезентации на Македонија и на Украина да биде бесплатен, се со цел во салата „Борис Трајковски“ да се појават што повеќе ракометни навивачи што ќе им дадат поддршка на нашите репрезентативки.
Македонија и Украина ќе се сретнат на 8 април во Скопје, со почеток во 19 часот, меч на кој избраничките на селекторот Савевски ќе настојуваат да обезбедат што поголема предност пред реваншот.
Вториот дуел од овој двомеч поради воениот конфликт во Украина ќе биде одигран на неутрален терен, во Кишварда, Унгарија, на 11 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА