Езгијан Алиоски од вечерва е слободен играч откако македонскиот репрезентативец го раскина договорот со екипата на Ал Ахли. Овој исход е сосема очекуван откако Ал Ахли синоќа испадна од првата лига, по што ќе следи и драстично намалување на буџетот за следната сезона и заминување на најдобрите фудбалери, меѓу нив дефинитивно и Алиоски.
Информациите од Саудиска Арабија велат дека во текот на денешниот ден дошло до состанок меѓу македонскиот репрезентативец и управата на клубот, по што биле договорени условите за спогодбен прекин на соработката.
Ваквиот исход го чекаа челниците на Трабзон, кои веќе извесно време го меркаат Алиоски, но јасно ставија до знаење дека немаат намера да платат отштета за Македонецот. Сега кога тој е слободен, се очекува офанзивниот лев бек во наредните денови да потпише договор со турскиот првак, со кого Алиоски ќе има можност да се натпреварува и во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА