„Слоновите“ последни четвртфиналисти на КАН (ВИДЕО)

Селекцијата на Брегот на Слоновата коска е последниот патник во 1/4 финалето на Купот на Африкански Нации. Селекцијата на „слоновите“ лесно ја совладаа репрезентацијата на Буркина Фасо, и си закажаа дуел со Египет меѓу најдобрите осум.

Диало во 20. минута и Диоманде во 32. минута донесоа предност од 2-0, која беше актуелна на полувремето. На три минути пред крајот на средбата, Туре дефинитивно стави точка на победата.

Со ова се комплетирани сите 1/4 финални двојки во КАН:

Мали – Сенегал

Египет – БСК

Камерун – Мароко

Алжир – Нигерија

Се вчитува...