Слот бара перфекција: Добар почеток, но…

Холандскиот стратег Арни Слот својата ера на „Енфилд“ ја започна со две победи во првите две кола од новата сезона. По триумфот над Ипсвич, „црвените“ славеа и над Брентфорд со 2-0.

Слот не го криеше задоволството од победата, но имаше мали замерки за неговите фудбалери велејќи дека требале да ја „умртват“ играта порано.

„Добар почеток. Тоа што е најважно е дека не примивме гол. Не му дадовме многу шанси на противникот, а единствената голема прилика ја имаа од прекин. Навистина е тешко да се браните против Брентфорд. Работевме напорно за овој добар почеток. Единствено нешто што можам да замерам е дека не го „умртвивме“ натпреварот порано“, вели Слот.

Се вчитува...