Слот: Добро е што Ливерпул нема да игра на Светското клупско првенство

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот воопшто не жали што неговиот тим нема да биде дел од Светското клупско првенство кое од 15 јуни до 13 јули се игра во САД.

Тој смета дека е добро што Ливерпул нема да игра на ова натпреварување, со оглед дека играчите веќе чувствуваат умор од напорната сезона.

„Во овој момент осум од десет луѓе во фудбалот сметаат дека навистина не треба да има уште еден турнир и дополнителен напор за оваа сезона, која беше многу долга и тешка. Не мислам дека е здраво играчите да имаат само една недела одмор, потоа да одат да играат на турнир, а потоа уште недела одмор и повторно нова сезона. Ова не е добро за здравјето на еден фудбалер. Мислам дека кога турнирот ќе се одигра ќе сфатиме колку е добро што не сме дел од него. И мислам дека повеќето луѓе го имаат истото мислење“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Се вчитува...