Фудбалерите на Ливерпул и Борнмут ја отворија новата сезона во Премиерлигата со возбудлив натпревар на Енфилд, на кој домаќините славеа со 4-2. Атмосферата пред и за време на натпреварот беше многу емотивна, со оглед на тоа што ова беше првиот официјален натпревар на Ливерпул на Енфилд по трагичната смрт на Диого Жота.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, зборуваше токму и на оваа тема по натпреварот
„Разговаравме за фудбал и треба да зборуваме за тоа колку импресивна и моќна беше денешната почит кон една значајна личност. Јас сум тука една година и сум ја слушнал „You’ll Never Walk Alone“ многу пати, но начинот на кој ја отпеаја денес беше многу моќен, а навивачите денес пред натпреварот, за време на натпреварот, во 20-тата минута и по натпреварот беа неверојатни.“
Тој продолжи уште поемотивно…
„Им кажав и на играчите… Обично на 2-2, 20 минути пред крајот, првиот играч што би го барал би бил Диого. Но, сега не можев да го најдам. Од ужасни причини.“
Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа на 3 јули 2025 година во сообраќајна несреќа во Шпанија. Жота беше играч на Ливерпул од 2020 година до неговата трагична смрт, а во негова чест клубот од Енфилд го повлече бројот 20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

