Слот: ФА Купот е тежок за играње како Лигата на шампионите

Ливерпул со 3-0 го совлада Брајтон во 4. коло од англискиот ФА Куп, еден од последните можности на „црвените“ да ја завршат сезоната со трофеј во Англија.

Арне Слот даде интересна изјава во врска со ова натпреварување, ставајќи го на исто рамниште со Лигата на шампионите.

„Во многу натпревари оваа сезона беше невозможно да се игра пресинг со оглед на стилот на игра на противниците. Модерната Премиерлига повеќе не се фокусира на играње со топка, туку на прекини. Стилот на игра значително се промени. Би рекол дека ФА Купот е исто толку тежок колку Лигата на шампионите, затоа што во завршницата играат истите тимови. Се е во малите работи, но треба да кажам дека нашиот тим се подобри во последните неколку месеци. Ни беше тешко да го задржиме истиот интензитет, но сега е на многу повисоко ниво. Играчите се адаптираа, и сето тоа изгледа физички многу подобро“, изјави Слот.

Се вчитува...