Слот ги отфрла шпекулациите: Нуњез ми се допаѓа, нема да го продаваме

Фудбалскиот клуб Ливерпул се подготвува за нова ера под водство на тренерот Арне Слот, кој вчера и официјално ги почна подготовките со неколкумина играчи кои му се на располагање.

Останатите играчи ќе му се приклучат кон крајот на месецот, кога ќе завршат со репрезентативните обврски, и кога ќе имаат мал одмор.

Еден од оние за кој имаше многу шпекулации е Дарвин Нуњез. Нуњез се поврзуваше со нов клуб ова лето, но Слот ги отфрла сите шпекулации.

„Верувам дека многу добро ќе се вклопи во мојот систем на игра бидејќи многу ми се допаѓа. Тоа веќе му го кажав. Тој е еден од играчите со кои разговарав “, рече Слот.

Се шпекулира дека прво засилување за Ливерпул летово ќе биде Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, за сума од 40 милиони евра.

Се вчитува...