Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза нема да игра за Ливерпул во Лигата на шампионите, откако не се најде на списокот за настап на најелитното клупско натпреварување.
Крилниот напаѓач не беше вклучен меѓу 22 играчи на Ливерпул на турнирот, и тоа значи дека Арне Слот не смета на неговите услуги за оваа сезона. Веројатно во зимската пауза ќе биде продаден, со оглед дека Ливерпул ова лето значајно ја засили офанзивата.
Киеза беше дел од сите три натпревари во Премиерлигата, и постигна еден гол, во првото коло против Борнмут во победата од 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

