Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, отворено призна дека повеќето натпревари од Премиерлигата повеќе не се чисто фудбалско уживање за него. Холанѓанецот верува дека тимовите станале премногу зависни од прекини и дека ритамот на играта е сè понестабилен како резултат на тоа.
Тој кажа дека Премиерлигата е исклучително натпреварување, но дека естетиката на играта се променила.
„Мислам дека прекините од корнер се најмногу изразени тука во Англија. Повеќето од натпреварите кои ги гледам во Премиерлигата овие денови ми се непријатни, но секогаш се интересни затоа што има голема конкуренција. Секој може да победи секого. Меѓутоа разликата во споредба со онаа од пред две или три бодини е огромна. Не само поради прекините, туку и тимовите станаа посилни. Можеби работите ќе се променат за пет години. Но, нема да ме изненади ако одам на некој натпревар на младински тимови, и таму да видам како тие се фокусирани на прекините. Тоа е новата реалност, но тоа е само мое мислење. И тоа не ги менува фактите“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

