Слот го возвраќа ударот: Салах останува дома за мечот со Интер

Продолжува сапуницата поврзана со Мохамед Салах и Ливерпул. Откако египетскиот фудбалер во интервју ги нападна и раководството на клубот и тренерот Арне Слот, следуваше казна од англискиот клуб.

Како што беше најавено раководството на Ливерпул го казни својот најдобар фудбалер, кој нема да патува со тимот на гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите, меч кој на програмата е утре.

Како што пренесуваат англиските медиуми ова е одлука на тренерот на „црвените“, Арне Слот која раководството на клубот ја прифатило. Каква ќе биде иднината на Салах се уште не е позната, но се повеќе е јасно дека тој во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Енфилд“.

Се вчитува...