Слот и одговори на Барселона: „Ги сакам јас Јамал и Рафиња….“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако вториот јавно изрази интерес за Луис Дијаз.

Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во јунскиот преоден рок, откако поранешниот фудбалер на тој клуб, а сега и службено лице, го издвои Дијаз, заедно со Маркус Рашфорд, како приоритетни цели.

„Ни се допаѓа Луис, ни се допаѓа и Рашфорд и ни се допаѓаат другите играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“ – изјави Деко.

Но, веднаш доби одговор и од Слот…

„Секој клуб си работи по некои свои принципи. Вие веќе сте навикнати на фактот дека јас не зборувам за други играчи што не сме ги потпишале. Разбирам, тој е голем обожавател на Луис Дијаз, како мене. На Деко му се допаѓаат некои играчи. Но, и мене ми се допаѓаа некои играчи. Ете, ми се допаѓаат Јамал ​​и Рафиња“ – вели Слот.

Се вчитува...