Ливерпул ги интензивира преговорите во обид да ги задржи Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, но на „црвените“ веќе им е јасно дека немаат шанси такво нешто да сторат и со Трент Александер Арнолд, кој летово како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.
Погледите на англискиот гигант веќе се насочени кон ангажман на нов десен бек во текот на летниот преоден рок, а тренерот Арне Слот има свој фаворит во оваа трка – неговиот сонародник Џереми Фримпонг. Офанзивниот десен бек и оваа сезона е меѓу најдобрите поединци во таборот на Баер Леверкузен, но како што информираат германските медиуми – тој има начелен договор со управата на клубот да му дозволи да си замине ако добие понуда од околу 50 милиони евра.
Слот има високо мислење за овој фудбалер, со кого веќе имал и неколку рунди разговори, презентирајќи му ја својата замисла околу улогата што Фримпонг би ја имал во тимот на „црвените“.
Ливерпул планира да доведе и нов лев бек, при што приоритет во моментов е ангажманот на Милош Керкез од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА