Слот ироничен: Сигурно сум многу лош, ми рекоа дека…

Арне Слот повторно се соочува со голем притисок во Ливерпул откако „црвените“ минатата седмица имаа две катастрофални средби, најпрвин загубија од Галатасарај со 1-0 во ЛШ, а потоа во Премиер-лигата одиграа само 1-1 на домашен терен со Тотенхем, тимот што се наоѓаше во најкатастрофална форма се до гостувањето на „Енфилд“.

Слот денеска говореше на прес-конференцијата пред реваншот со Галатасарај се осврна на претстојниот предизвик, но беше прашан и за свирежите од трибините и се погласните барања на навивачите да дојде до тренерска смена во најтрофејниот англиски клуб.

„Кога доаѓав овде, ми рекоа дека имаме лојални навивачи кои секогаш стојат зад тренерот, во добрите и во лошите времиња со кои ќе се соочуваме. Првата сезона освоивме титула, сега резултатите не се како што посакуваме…. Сигурно сум направил многу, многу лоши работи бидејќи она што се случува не е она што ми беше кажано кога доаѓав“, одговори иронично Слот.

Се вчитува...