Слот ја има поддршката од раководството на Ливерпул: „Се чувствувам безбедно, најважно е што сите во клубот знаеме што сакаме!“

Ливерпул е во невидена криза, а навивачите го губат трпението. Нов шок за „црвените“ сега и во Лигата на шампионите и пораз на „Енфилд“ од ПСВ, од 1-4.

Ужасна игра, недостаток на хемија на теренот, па Ливерпул изгледа како некој просечен тим, а не како актуелни шампиони на Англија. Многу се зборуваше за судбината на Арне Слот на клупата на „црвените“, раководството дури и му даде поддршка на Холанѓанецот, но очигледно нештата се надвор од контрола.

Сепак, се чини дека моменталната криза не го загрижува многу Слот, бидејќи по дебаклот со ПСВ…

„Се чувствувам безбедно, добро сум, имам голема поддршка. Би било убаво да се сврти ситуацијата и да се победи, секако, но ако работиш како тренер и не ти оди добро, тогаш е нормално да поставуваш прашања.“

Арне Слот не паничи, иако Ливерпул е во најлошата серија на резултати од 1954 година.

„Задоволен сум од мојата позиција. Не е прв пат да сум во тешка позиција, но крајно време е да ги свртиме нештата во наша полза. Има уште многу работа пред нас“.

Слот очигледно не размислува за заминување од Енфилд. Ја има поддршката и од раководството на клубот.

Се вчитува...