Слот ја возврати услугата – на „Енфилд“ ечеше: „Јииирген Клоп“… (видео)

Арне Слот експресно ги освои симпатиите на навивачите на Ливерпул, но скромниот Холанѓанец на денешната прослава на титулата не го заборави својот претходник Јирген Клоп.

Легендарниот Германец на својот последен меч на „Енфилд“ гласно ги повика навивачите на Ливерпул да запеат во чест на Слот, по што на стадионот на Ливерпул ечеше: Арнееее Слот…

Холанѓанецот денеска ја возврати услугата, барајќи фановите да почнат со омиленото скандирање за неговиот претходник, по што еуфорично на „Енфилд“ почна да се ори… „Јииирген Клоп“…

Погледнете како изгледаше овој дел од шампионската прослава на новиот англиски првак…

Се вчитува...