Слот: Какво славење? Имаме уште 20 натпревари пред нас…

Ливерпул продолжува со одличните игри сезона триумфирајќи и над Лестер со 3-1 на синоќешнит натпревар во Премиерлигата. Па, црвените сега се со седум бода предност во однос на второпласираниот Челси и натпревар помалку на врвот од табелата.

Но, менаџерот Арне Слот вели дека далеку е уште размислувањето за титулата…

„Какво славење? Да бидеме сериозни. Кога сте долго во фудбалот, многу добро знаете дека на 20 натпревари до крајот, ништо не е сигурно. Има уште толку многу предизвици пред нас. Пред само два месеци Сити беше пред нас, а потоа повреди, лоша среќа и казни, и погледнете што се случи. Тоа на секого може да му се случи. Затоа треба да размислуваме само за секој следен натпревар. А, за титулата има уште време“ – истакнува Слот.

Се вчитува...