Слот: Кварацхелија во Ливерпул? Тоа се лажни вести

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот запрашан за евентуален трансфер на Квича Кварацхелија од Наполи, одговори дека 99% од вестите кои ќе се прочитаат низ медиумите за неговиот тим се лажни.

Во последно време се шпекулираше дека Грузиецот би можел да заврши на Енфилд, но се чини дека ќе заврши во Париз за сума од 80 милиони евра.

„Кварацхелија во Ливерпул? Да ви кажам нешто. 99% од вестите за нашиот тим се лажни. Тоа не е вистина“, рече Слот.

Се вчитува...