Ливерпул е на првото место на табелата во Премиерлигата и игра одлично под водство на Арне Слот. Сепак, темниот облак, кој може да се претвори во сериозна бура, е фактот дека трите главни ѕвезди, капитенот Вирџил ван Дијк, Трент Александар-Арнолд и Мохамед Салах се уште го немаат продолжено договорот со тимот.
Салах имаше малку жестока изјава во насока на раководството со која се уште не е разговарано. Александер-Арнолд наводно е многу заинтересиран за преселба во Реал, кој сака да го доведе како слободен играч, па ќе биде интересно со оглед на тоа што сите тројца од јануари можат слободно да преговараат со заинтересираните клубови.
„Тие се во постојани разговори со клубот и чекаме да видиме што ќе се случи“, изјави тренерот на Ливерпул, Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА