Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако денеска во премиерниот меч од 7. коло во англиската Премиерлига славеа на гостувањето кај Кристал Палас со минимални 0-1.
По мечот со Кристал Палас, тренерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека оваа победа му била посебна пред да замине на репрезентативна пауза.
„Играчите сега одат во своите репрезентации, размислуваат за репрезентациите, но за мене – ако загубиме, ќе ми останат уште три или четири дена да бидам несреќен. Мислам дека мојата сопруга ќе биде среќна поради оваа победа бидејќи ќе има некој кој е среќен во куќата“, искрен беше Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА