Ливерпул го пречека Манчестер Јунајтед во дербито на 20. коло од Премиерлигата како голем фаворит, но не успеа да ја продолжи победничката низа одигрувајќи 2-2 во натпревар во кој можеше и лесно да загуби доколку Хари Мегваер реализираше сто отстотна шанса пред самиот финиш на средбата.
Дербито го прокоментира и Арни Слот, тренерот на Ливерпул кој е свесен дека гостите пропуштија шанса да триумф, но и дека неговиот тим имал можност порано да стави крај на дилемите за победник.
„Добро го започнавме натпреварот, имавме три големи шанси. Имавме и тежок период. Имаа голема шанса преку Мегваер па можевме и да загубиме, но луѓето на треба да заборават дека и ние имавме големи шанси и тоа повеќе такви од нив.
Не е секогаш лесно. Губевме 1-0 што дополнително ни ја отежна ситуацијата, но среќен сум поради менталитетот кој екипата го демонстрираше за пресврт на 2-1“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА