Слот: Му кажав на Александер-Арнолд дека сега има конкуренција во Ливерпул

Дали Трент Александер-Арнолд ќе остане во Ливерпул и по крајот на сезоната или како слободен фудбалер ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид е прашање кое најмногу ги мачи фановите на овој славен англиски клуб.

Англискиот репрезентативец целата своја кариера ја помина на „Енфилд“, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и засега не се водат конкретни преговори за продолжување на соработката. Раководството на тимот се надева дека ќе го задржи, а адутот за тоа ќе биде тренерот Арни Слот кој има одлична соработка со заменикот капитен.

Холандскиот стратег доби прашање за Александер-Арнолд по средбата со Челси, а имаше интересен одговор шегувајќи се со својот фудбалер.

„Му реков на Трент дека сега има конкуренција на десен бек бидејќи видовме дека тука Мо Слах може да одигра многу добро. Напорот кој го вложи во одбраната му помогна на тимот и тоа ме задоволи еднакво исто како и неговиот гол и асистенција“, изјави Слот.

Се вчитува...