Слот му одговори на Салах: Oбично сум мирен и пристоен, но тоа не значи дека сум слаб

Тренерот на Ливерпил, Арни Слот на пресконференцијата пред натпреварот од Лигата на шампионите против Интер говореше и за ситуацијата поврзана со Мо Салах, фудбалерот кој ја одбележа последната деценија во дресот на „црвените“, но оваа сезона не само што добива мала минутажата, туку беше и изоставен од составот кој ќе се сретне со италијанскиот клуб.

Односите со тренерот се видно нарушени па Слот беше запрашан што мислел Салах кога изјави дека некој „го фрлил под автобусот“.

„Мо е единствениот кој може да одговори на тоа. Јас можам само да нагаѓам, но мислам дека тоа не е во ред во овој момент. Тешко е да кажам на кој мисли и што тој мисли. Да го коментирам тоа треба да знам што мислел. Обично сум мирен и пристоен, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играчот ќе изговори такви работи, мораме да реагираме како клуб. Како што гледате , тој не е тука“, изјави Слот.

Се вчитува...