Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот даде интересен коментар на прашањето за интересот од Барселона за крилниот фудбалер Луис Диаз. Колумбиецот наводно е една од главните трансферни цели за Барселона за идната сезона.
Тренерот на Ливерпул, пак, имаше свое видување за целата ситуација.
„Секој клуб си ги гледа работите на свој начин. Навикнати сте на фактот дека јас не зборувам за други играчи кои не сме ги потпишале. Деко го сака Луис Дијаз, исто како и јас. На Деко му се допаѓаат некои играчи. И мене ми се допаѓаат Јамал и Рафиња“, изјави Слот.
Самиот Диаз истакна дека е среќен во Ливерпул и нема намера да го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

