Слот на „Енфилд“ носи Србин кој е хит на „Островот“

Ерата на Арни Слот во Ливерпул ќе донесе и драстично подмладен тим. Покрај Мо Салах не се исклучуваат заминувањата и на фудбалери како Ван Дајк, Робертсон, Александер-Арнолд па веќе се бараат адекватни замени за нив.

Како идеално решение за проблематичната позиција лев бек каде оваа сезона Робертсон не го покажува врвното ниво, холаднскиот стратег го гледа унгарскиот репрезентативец со српско потекло Милош Керкез.

Дваесетиедногодишникот оваа сезона со голем успех го носи дресот на Борнмут и е трансфер цел на повеќе европски гиганти па за да не се водат долготрајни и истошни преговори Ливерпул веќе ги контактирал неговите претставници за потенцијален трансфер од 50 милиони евра.

Се вчитува...