Слот најдобар менаџер, Грилиш најдобар играч за месец август во Премиерлигата

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот е прогласен за најдобар тренер на Премиерлигата во месец август. Тој беше избран по гласање од експерти и фанови. Под водство на Холанѓанецот, Ливерпул има 100% учинок, односно три поебди од три натпревари.

Од друга страна за најдобар играч за август беше прогласен Џек Грилиш. Тој оваа награда ја освојува првпат. 30-годишниот крилен напаѓач игра како препороден во Евертон, од каде пристигна како позајмен од Манчестер Сити.

Во три меча, Грилиш има четири асистенции.

Се вчитува...