Слот: Не можев да барам повеќе од моите играчи

Прекината е доминацијата на Ливерпул. Фулам денеска пристигна на „Енфилд“ во 16. коло од Премиер лигата и му однесе еден бод на Лондон, беше 2:2.

Гостите од Лондон поведоа во 11. минута. Стрелец беше Переира на асистенција на Робинсон. Само шест минути подоцна домашната екипа останува со играч помалку, откако во 18. минута беше исклучен Робертсон. Сепак, на отворањето на вториот дел Ливерпул израмни. Гакпо погоди во 47. минута. Нов шок за домашните во 76. минута од натпреварот. Повторно асистираше Робинсон, а погоди замениот Родриго Муниз. Арне Слот погоди со измените, со оглед на тоа што две замени му донесоа бод на пет минути до крајот. Дарвин Нуњез му асистираше на Диого Јота, кој во 85. минута ги постави конечните 2:2.

По натпреварот кратка изјава даде Арне Слот, кој истакна дека по црвениот картон не можел да бара премногу од своите играчи.

„Мислам дека не можев да барам повеќе од моите играчи, особено откако дојдовме до 10 играчи. Не можев да барам повеќе во однос на перформансите и резултатите. Се разбира, можевме да имаме уште два бода. “, изјави Слот

Се вчитува...