Слот: Не размислувам на освојување на титулата овој викенд

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот денеска изјави дека не размислува дали неговиот тим ќе ја освои титулата во Премиер лигата овој викенд. Ливерпул може да дојде до титулата ако го совлада Лестер, а Ипсвич го победи Арсенал.

Слот изјави дека размислува единствено за победа против Лестер, и за ништо друго.

„Искрениот одговор е дека не размислувам на титула, но не сум сигурен дали ми верувате“, изјави Слот на прес-конференцијата.

„Не гледам ниту многу назад, ниту многу напред. Воопшто не размислувам“, изјави Слот.

Ако успее во намерата, тогаш Слот ќе им се приклучи на мал број тренери кои во првата сезона ја освоија Премиерлигата. Тоа им успеа на Мурињо, Анчелоти, Пелегрими, Раниери и Конте.

Се вчитува...