Тренерот на Ливерпул, Арне Слот зборуваше за екипата на Ливерпул и за фактот што досега „црвените“ не донесоа ниту едно засилување во овој преоден рок.
Се шпекулира дека Ливерпул во последните денови ќе тргне во офанзива и ќе донесе тројца играчи: Мамардашвили, Рабио и Брантвејт. Сепак, Слот не е загрижен што нема ниту едно нови име.
„Тоа што не доведовме ниту едно ново засилување, не ме загрижува. Не се секирам, верувам во оваа екипа. Наследив одличен тим. Играчите во минатиот меч покажаа дека заслужуваат доверба“, рече Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА